
Патот на Турција кон членство во Европската Унија е долг и комлициран, а се уште е рано да се прогнозираат можните резултати од пристапните разговори, изјави денеска во Берлин портпаролот на германското Министерство за надвoрешни работи Мартин Шефер.
– Членството на Турција во Европската Унија е долг процес кој се наоѓа на средина од патот. Процесот не е едноставен, спротивно на тоа, тој е многу комплициран поради низа причини, рече Шефер.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тој дополни дека се уште е рано да се предвиди каков ќе биде резултатот од тешкиот процес на пристапување на Анкара во ЕУ