
Маж и жена се затруле со слатки во слаткарница во скопската населба Драчево. Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тие по консумирање на слатките, биле хопситализирани со симптоми како дијареја и повраќање.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле увид, наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури.