
Со 43 гласови денеска сенаторите од ситe факултети за нов ректор на УКИМ го изгласаа Никола Јанкуловски, актуелен декан на Медицинскиот факултет и хирург на Клиниката за дигетивна хирургија.
Во трката за нов ректор шест гласови имаше екс министерот за образование и професор на природно математичкиот факултет, Ненад Новковски, додека шест од гласовите беа неважечки.
Од студентскиот пленум утрово го блокираа влезот пред ректоратот обидувајќи се да ја одложат седницата, а по притисокот ректорот Велимир Стојковски дозволи четворица претсавници на студентите да бидат присутни на седницата.