Новиот британски премиер, што ќе го замени Дејвид Камерон ќе биде избран седум дена подоцна од датумот што беше претходно закажан, односно а 9-ти септември.
Најдоцна до тој датум треба да бидат доставени номинациите за претседател на владејачката Конзервативна партија, соопштуваат од партијата.
Управниот одбор на партијата препорачува лидерот да биде именуван на 9-ти септември, се наведува во соопштението, што е една недела подоцна од она што претходно се планираше, пренесува АФП.
Камерон еден ден по референдумот на 23-ти јуни на кој Британците го поддржаа излегувањето на земјата од ЕУ, најави оставка.
Тој тогаш рече дека нема да го отпочне членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот на излегувањр од ЕУ, туку дека тоа ќе му го препушти на новиот премиер.