ФОТО: Ристовски на Ифтар вечера со верниците од Долнени

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, вечерва присуствуваше на Ифтар вечера во Лажани.

Тој беше во придружба на државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска и градоначалникот на Долнени, Боше  Милошески.

-Со голема чест и задоволство присуствувам на Ифтар вечерата во населеното место Лажани во општина Долнени, по повод рамазанските пости. Овие заеднички чествувања се уште една потврда дека различната верска припадност не претставува никаков стереотип, туку напротив, дополнителна причина за взаемно почитување и негување на традицијата и обичаите. На сите граѓани од исламска вероисповед и нивните семејства им посакувам многу здравје, среќа, мир, спокој и благосостојба, напиша Ристовски на Фејсбук.

spiro-na-iftar2