Почна гласањето за нов студентски лидер

Утрово од 9 часот почна гласањето за избор на нов студентски лидер на УКИМ. Засега изборот се одвива мирно и покрај најавените блокади од т.н. Студенстки пленум.

На 23 факултети од скопскиот универзитет се поставени изборни кутии, во кои студентите го оставaат својот за глас за еден од двајцата пријавени кандидати за позицијата претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.
izbori-2

Стефан Василевски, кој ја има поддршката од шест матични студентски парламенти е едниот кандидат, додека неговиот конкурент е Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНKИ), зад кого застанаа седум матични студентски парламенти.

izbori-3

Гласањето ќе трае до 16 часот.