Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Бојаџиева на денешната седница посветена за поставување на пратенички прашања упати прашање до Министерството за транспорт и врски околу проблемот со патот од Неготино до Кавадарци.
Првото прашање го упатувам до Министерството за транспорт и врски. Ова прашање произлезе од непосредните средби со моите сограѓани кои што многу често зборуваат за еден проблем кои што ги тишти како жители на Општина Неготино. На регионалниот пат коишто ги поврзува Неготино и Кавадарци на 150 метри од излезот на Неготино кон Кавадарци постои многу остра кривина таканаречена црна точка.Таа остра кривина прави прегледноста на патот да е многу лоша, а доколку има и неприлагодена бризна од возачите исходот се 25 сообраќајни несреќи за период од 6 години. Да биде ситуацијата уште поалармантна кога има обилни дождови има и лизгање на земјиштето така што сообраќајот на овој патен правец често пати е затворен подолго време. Со оглед на проблемите кои произлегуваат и се секојдневие на овој пат од витално значење е сериозно да пристапиме во решавањето на овој проблем.Моето прашање е дали во програмата за надградба и рехабилитација на регионални патишта во 2016 година е предвидена градежна активност на овој дел за кој што зборував, праша Бојаџиева.
На ова министерот Мисајловски одговори дека во тек е техничка подготовка за отпочнување со активности и дека се очекува во наредната година овој проблем да биде решен.
Ние веќе го пуштивме надзорот да го провери целиот терен веќе имавме неколку проблеми кои што ни наидоа на тој патен правец веќе се прави техничко решение и кога комплетно ќе го завршиме техничкото решение следната година ќе пристапиме и кон решавање на проблемот, посочи Мисајловски.
Второто прашање на пратеничката се однесуваше на критериумите кои што треба да ги исполнуваат згрижувачките семејства кои што згрижуваат деца со попреченост во развојот.
Моето второ прашање го упатувам до министерството за труд и социјална политика. Прашањето произлезе од посетата ан министерот на Неготино и го гледам како еден наќин и можност да проговориме за вонизтитуционалното згрижување на лица, деца и возрасни. Вие почитуван министер бевте во работна посета на Неготино се запознавте и бевте во дневниот центар Порака. Тоа е центар во кој престојуваат лица со умерен и тежок хендикеп. Нивниот престој во центарот е во текот на денот исполнето со дружења и други дневни активности. Овие институции ги водат тимови со стручни лица и лицата имаат целосна поддршка во текот на 24 часа. Почитуван министер би сакала да ве прашам бидејѓи освен во овие центри во Македонија има можност овие деца да се сместуваат и во згрижувачки семејства па оттука сакам да ве прашам кои се критериумите за згрижување на овие лица во згрижувачко семејство, кои се обрските кои треба да гиисполни тоа семејство, колкав енадоместокот кој што го добива семејството кое што згрижува и колку згрижувачки семејства вршат ваква заштита во република Македонија, праша Бојаџиева.
Министерот за труд и социјална политика Диме спасов во својот одговор ја објасни процедурата и критериумите кои што се потребни за едно семејство да згрижи дете со некаква попреченост.
Во однос на згрижувачките семејства во република Македонија би сакал да истакнам дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават директни чекори за значително поголема поддршка за згрижувачките семејства од законско доуредување на начинот на формирање и финансирање која што ја добиваат до нивна континуирана поддршка во смисла на организирање на обуки кои што им се потребни со цел да обезбедат поквалитетна грижа за децата кои штоги згрижуваат. Според законот за социјална заштита во република Македонија постапката за основање на згрижувачко семејство и основање на згрижувач се води пред центрите за социјална работа пре што центрите за социјална работа врз основа на условите во кои што се јавува самото дете долучува дали ќе биде дадено на згрижување во згрижувачко семејство. Надоместокот кој што го добиваат згрижувачките семејства на месечно ниво изнесува од 8100 денари до 10 500 денари во зависност од условите или пак видот и степенот на попреченост и од тоа какво дете згрижуваат, нагласи Спасов.