
– Не е чудно за она со коешто мажите се занимаваат од утрото до попладневните часови да влијае и на вечерта којашто тој ја минува со сопругата, вели психологот, доктор Линда Де Вилерс, авторка на бестселерот „Љубовни вештини”.
Погледнете како се покажа секоја професија:
Според студијата, најдобри љубовници се уметниците, инженерите и превозниците, додека како најлоши се оценети сметководителите, телеоператорите и информатичарите.
И додека некои се истакнуваат по тоа што редовно иницираат секс, други пак имаат предност во желбата за да ја задоволат партнерката.
Уметници
● Нивните жени тврдат дека се најдобри љубовници, а 45 отсто од нив го оценуваат сексуалниот живот со нив како одличен.
● 100 отсто од нив се впуштаат во предигра пред сексот како важен дел од односот, а 13 отсто од нивните жени велат дека дури и претеруваат со нејзината должина.
● 73 отсто од нив во потполност сексуално ги задоволуваат своите сопруги.
Инженери и архитекти
● Високо котираат според умеењата со кои ги задоволуваат своите сопруги и грижата за нивното задоволство – дури 71 отсто.
● 92 отсто од нив редовно практикуваат предигра, а 72 отсто од нивните жени сметаат дека таа трае токму онолку колку што би требала да трае, додека 12 отсто од нив сметаат дека таа е сепак премногу долга.
● Двојно почесто за разлика од останатите сопрузи во сексот ги сместуваат и секс играчките/уредите на батерии – 29 отсто.
Превозници/механичари
● Најдобро се оценети на подрачјето на оралниот секс – 61 отсто од нивните сопруги ги оцениле како најдобри во тоа.
● 95 отсто од нив редовно се впуштаат во предигра.
● 39 отсто од нивните сопруги велат дека со нив имаат одличен сексуален живот.
● 47 отсто од нив имаат секс најмалку два пати во неделата (што е повеќе од просекот).
● Повеќе од третина од нив заспиваат веднаш после сексот (што е тројно почесто од просекот).
Градежни работници
● 58 отсто од нив иницираат секс два пати неделно или почесто, додека 39 отсто од нив тоа го прават поретко од еднаш дневно.
● 30 отсто од нивните жени би сакале да се понежни.
● Најмалку е веројатно дека орално ќе ја задоволат својата сопруга (40 отсто од нив не успеваат да го направат тоа).
● 57 отсто од нивните сопруги го оценуваат сексуалниот живот со нив како добар или одличен.
Мали претприемачи
● Кај нив е најверојатно дека во сексот ќе воведуваат нови пози или секс играчки (тоа го прават 46 отсто од нив, додека генералниот просек е 26).
● Шест пати е поверојатно дека во сексот ќе вметнат и камшик, лисици и подвецизи.
● 30 отсто од нивните жени би сакале предиграта со нив да трае подолго, но 100 отсто од нив се задоволни што се однесува до времетраењето на самиот сексуален чин.
● 36 отсто од нив минимално два пати неделно имаат сексуални односи, што е повеќе од просекот којшто изнесува 1.5 пати.

Менаџери
● Тие според резултатите од ова истражување најмногу сакаат нежност и мазење – 45 отсто од нив тоа го прават редовно.
● 74 отсто од нив се оценети како добри или одлични во умеењето да ја задоволат својата партнерка со орален секс.
● Но ако таа е расположена, а тој не е – голем дел од нив ќе го одбијат сексот (само 29 отсто ќе се согласат на секс, во споредба со просекот од 59 отсто којшто се однесува на останатите професии).
Униформирани мажи (пожарникари, полицајци, поштари, кондуктери)
● 81 отсто од нивните сопруги сметаат дека најсекси нешто кај нив е тоа што во потполност сакаат да ја задоволат партнерката (двојно почесто од просекот, веднаш зад инженерите и архитектите).
● 84 отсто од нивните жени велат дека сексуалниот живот со нив е добар или одличен (исто така над просекот).
● Маана им е тоа што 25 отсто од нив ја прескокнуваат предиграта (што е двојно почесто од просекот).
● 35 отсто од нивните жени би сакале да се пооригинални во сексот.
Костумирани мажи (адвокати, сметководители, финансиски стручњаци)
● Најголема веројатност е дека сакаат секс секој ден (42 отсто од нив го сакаат тоа, а 10 отсто и го имаат).
● Најголема е веројатноста дека ќе сакаат да испробуваат нови места за секс (46 отсто од нив).
● Одлични се во предиграта – 92 отсто од партнерките велат дека трае онолку колку што им одговара.
● Сепак, само 56 отсто од сопругите се изјасниле дека сексот со нив е одличен или многу добар.

Лекари, здравствени работници
● 43 отсто од нив тешко го поднесуваат одбивањето од сопругата ако таа не е расположена (повеќе од просекот).
● Тие се втори на листата според зачестеноста на сексот (13 отсто од нив имаат секс секој ден).
● Сепак, 30 отсто од нивните жени сметаат дека сексот е премногу брзо завршен.
● Најголема е веројатноста дека ќе сакаат да се галат и мазат после сексот – 46 отсто.
Физички работници
● 59 отсто од нивните сопруги сметаат дека сексуалниот живот би можел да им биде подобар, додека 20 отсто од нив истиот го оценуваат како сиромашен.
● Сепак, се смета дека се најголеми авантуристи во сексот (што е за 28 отсто од жените најсекси нешто во врска со нив).
● Најчесто сакаат да испробуваат нови пози или секс-играчки (36 отсто од нив).

Информатичари и програмери
● Најмалку е веројатно дека ќе и удоволат на сопругата ако е токму таа иницијаторот за секс, а тој пак и не е нешто особено расположен (само 17 отсто сепак ќе попуштат).
● Тие се најмалку подложни кон тоа да ги принудуваат своите жени на орален секс (само 56 отсто од нив уживаат во него, наспроти просекот од 72 отсто).
● Сепак, двојно поголем број од нив за разлика од просекот, сакаат да се мазат и галат после сексот (63 отсто).