
Кај двајца Гостиварци најдени се над 42 килограми марихуана. Двете лица заработија 30-дневен притвор.
По оперативни сознанија од страна на Основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Гостивар нареден е претрес на автобус кој сообраќал на линијата Струга- Гостивар. При влезот во Гостивар автобусот е запрен и кај двајца гостиварци пронајдена е 42,3 г марихуана, информираат од ОЈО.
Оттаму посочуваат дека надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите до судијата на претходна постапка при Основниот суд- Гостивар поднесе Предлог за определување мерка- Притвор во траење од 30 дена. Еден од обвинетите е шумски полицаец.