Триесетгодишната Дијана, во петокот вечерта излегла со друштво во кафуле.
Нејзиниот поранешен сопруг Синиша Златиќ (38) кога ја видел во кафулето со друштво, земал калашников и го започнал масакрот.
Дијана починала на лице место, а нејзината другарка Јована Поповиќ (20) на патот накај болница.
Стево Јојиќ (40), Владимир Косовиќ (34) и Владимир Мијатовиќ (40) ја изгубија битката со животот во болница.
Очевидците велат дека Синиша испукал повеќе од 50 куршуми, ги искористил двата шаржери и дека притоа бил многу прецизен. Сите куршуми завршиле во гостите, од кои 20 се здобиле со потешки и полесни повреди.