
Владата на Република Македонија на седница во петокот усвои текст на предлог закон , предложен од Министерството за информатичко општество и администрација за владино рекламирање во медиумите, според кој сите медиуми ќе добиваат пари од владиниот колач, пишува „Курир“.
Се работи за итен реформски приоритет кој произлегува од насоките добиени од ЕУ за регулирање на начиот на распределба на буџетите за владините кампањи – средствата ќе се распределуваат на сите медиуми. За предлог-законот ќе следува широк консултативен процес, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани уште еднаш се посрамоти одработувајќи ги парите што ги добива од СДСМ – СОРОС, упатувајќи навреди и услови по урнек на неговиот идол Зоран Заев.
Насер Селмани побара македонските граѓани да не може да бидат информирани во платени кампањи од Владата, дури и во случаи кога станува збор за остварување на нивни права. Во член 4 од Предлог законот стои дека Kампањата се смета за оправдана доколку истата се спроведува заради:
-информирање на физичките и правните лица во Република Македонија за новините во врска со нивните права, интереси и обврски согласно закон, или пак кога остварувањето на истите е врзано со рок кој може да биде пропуштен;
-информирање на јавноста за целите, очекуваните резултати или причините за тековни или идни владини политики, програми, проекти или услуги, вклучувајќи и фискални политики, или за нивни измени, а кои ќе влијаат на правата, интересите и обврските на определена социјална група или општеството во целина, а за кои е потребна поголема јавна поддршка;
-охрабрување или обесхрабрување на определено социјално однесување на сметка на јавниот интерес;
-ширење на научни, медицински информации или информации во врска со здравјето и безбедноста на граѓаните, како и во врска со унапредувањето и заштита на животната средина;
-информирање на јавноста за поважни настани од културно, историско, научно и друго општествено значење на Република Македонија;
-промовирање на каква било економска активност или сектор на економијата на Република Македонија или плановите на Владата за поддршка на економската активност или сектор; или
-информирање на јавноста за односите на Република Македонија со други држави или заедници на држави.
За Насер Селмани е важно единствено парите на Сорос да стигнуваат до медиумите, буџет тежок повеќе милиони евра на годишно ниво. За Насер Селмани е неважно тоа што владиното рекламирање беше опфатено и со итните реформски приоритети во извештајот на Прибе и практично стана услов по кој ќе биде оценуван напредокот на Решублика Македонија. По урнекот на Заев, Селмани тргна да се демантира самиот себе и сега настапи со сосема поинаков став од мислењето кое претходно го имаше ЗНМ, пишува порталот.
Колку трошат другите влади за рекламирање?
За 4 години во Македонија вкупно се потрошени 25 милиони евра или во просек 6,25 милиони евра годишно.
Просечно, споредено со земјите во регионот, бројките се горе-долу исти и во земјите од најблиското опкружување се движат околу 6-7 милиони евра годишно за рекламирање.
Интересна, пак, е споредбата со, на пример САД, Kанада, Велика Британија. Анализирано според податоците достапни на интернет, владата на САД годишно троши речиси 3,15 американски долари на жител, Kанада 3,42, а отскокнува Велика Британија со 7 американски долари пресметано на жител.
Гледано во истата валута, македонската Влада троши речиси 3,3 американски долари на жител за рекламирање. Со други зборови не отскокнува во голема мера од просекот во Америка и Kанада.