
Швајцарските граничари од воз од Италија нашле 21-годишен мигрант од Еритреја кој бил скриен во куфер, што е прв ваков регистриран случај.
Во видеото можете да видите како овој Еритреец се спакувал во куферот.
Граничарите го отвориле куферот до крај и му помогнале на момчето високо 180 сантиметри да застане на нозе, пренесува АП.
Мирко Ричи, швајцарскиот граничар, изјавил дека момчето е уапсено и депортирано во Италија откако одлучил да не побара азил.
Сме виделе дека луѓето се кријат во багажник на автомобил, но ова е прв пат да ги наоѓаме во патни торби, вели Ричи.
Во Швајцарија последните неколку недели е забележан зголемен број мигранти што се обидуваат да влезат во областа Тичино и дека воглавно се од Еритреја, Сомалија и Нигерија.
Од 30-ти мај се уапсени над 3.400 лица поради обид за илегален премин на швајцарската граница.