Две лица се здобила со повреди за време на семејсна веселба во тетовско Горно Палчиште.
Во село Горно Палчиште вчера во 17:30 часот од СВР-Тетово е добиено известување дека во 12,30 часот во семејната куќа сопственост на Х.М.(49) при семејна веселба од страна на непознато лице било пукано со огнено оружје најверојатно пиштол и при тоа во дворното место каде имало повеќе гости со повреди се здобиле Х.М. и неговиот син Ј.М. (24).
Повредените лица се однесени во Клинички Центар Тетово за укажување на лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.