
Екипата на Шкендија е единствената македонска екипа која успеа да ја мине првата пречка од квалификациите од Лига Европа, додека Силекс и Работнички ги завршија натпреварите во првото квалификациско коло.
Шкендија успеа да слави победа и на гостувањето против полската екипа Краковија со 2:1. Стрелци за Шкендија беа: Бесарт Ибраими во 13.минута и Ферхан Хасани 90+3 минута, додека голот за Краковија беше автогол на Бесир Демири во 68.минута. Шкеднија постигна две победи или вкупен резултат 4:1.
Силекс загуби и во реваншот од Вадуц од Лихтенштајн. Во Скопје синоќа беше 2:1 за Вадуц, но Силекс имаше водство од 1:0 до 89.минута со голот на капитенот Марјан Мицков постигнат во 30.минута. Во претпоследната минута Вадуц од пенал преку Морено Констанцо изедначи, а победата ја донесе Али Месуд во 90+3 минута. Силекс е елиминиран со вкупни 2:5.
Пораз од 1:0 во реваншот претрпе и Работнички. На гостувањето кај Будуќност во Подгорица беше совладан со голот од пенал на Ристо Радуновиќ во 18.минута. Вкупниот резултат на двомечот е 2:1 за екипата од Црна Гора.
Шкендија во следното коло ќе игра против екипата на Нефчи. Првиот натпревар го игра на гости на 14.јули во Азербејџан, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.