ТВ Нова утрово правеше анализа на оваа тема. Ако се земе Скопје како место за старт на патувањето, бројките се следни:
Истанбул- 11 евра во еден правец
Атина- 30 евра во еден правец
Крф- 7 евра во еден правец
Албанија- релација преку Грција до Саранда 11 евра, преку Струга 2 евра
Во Македонија има вкупно 9 патарини. Од Скопје:
Кон Дојран- 180 денари во еден правец
Кон Охрид и Преспа има две опции. Едната е да се оди преку Е75, каде има три патарини и ќе потрошите 140 денари, а втората е преку Тетово и Гостивар, односно 4 патарини, што ќе ве чини 180 денари во еден правец.
Повеќе информации околу патарините и патувањата, можете да најдете на страната на АМСМ.