Цинично, надмено и арогантно како препознатлив потпис на елитизмот на СДСМ-овските активисти, Поповски истури грст навреди кон сите граѓани кои не се согласуваат со неговиот светоглед, вредности и политичка борба. За него луѓето кои не ја поддржуваат сдсм-овската шарена платеничка револуција се „мали луѓе кои треба да ги снема“.
Еве дел од интервјуто:
Прашање: Светот се подели на богати и сиромашни, средната класа како да се има изгубено во тој процеп. Каква е судбината на малиот човек на Балканот?
Одговор: Тој мал човек е преценет и најдобро би било да го снема. Тој мал човек е најголемиот виновник за сето ова. Тој мал човек не знае да мисли со сопствена глава, не знае да ја разликува глупоста од мудроста. Човек кој секое запалено знаме го смета за успех, а секоја отпечатена книга за луксуз. Најдобро би било тој да ја плати најголемата казна, затоа што самиот е крив за се што ни се случува. Македонија го допира човечкото дно благодарејќи му на тој мал човек кој дозволи да биде корумпиран и да ужива во сето тоа. Зашто бил весел кога политичарите ветувале дека неговиот неписмен глас ќе биде подеднакво важен, ако не и најважен во земјата која ќе ја градиме. Тој мал човек кој уживаше во сопствената поткупливост е најсрамниот дел од нашата историја. Така да малиот човек не заслужува ништо добро. Историјата покажала дека нему не треба да му се помага и на него не треба да се смета. Последниот херој на 20-от век Ернесто Че Гевара отишол во Боливија да го спасува и да му помага на малиот човек за на крај биде издаден и убиен од истиот тој мал човек. Силата лежи во поединците кои ги поместуваат границите. Малиот човек е само мал човек.
На навредите на Поповски неми не останаа дел од македонските интелектуалци, како професорката Билјана Ванковска и уметникот Александар Русјаков.
Ванковска на својот Фејсбук профил напиша дека ја натажил цинизмот на Поповски, истовремено коментирајќи ја апсурдноста на елитистичкиот став да го повикуваш „малиот човек“ на протести до тебе, додека го навредуваш со сета сила:
„Од интервјуто на режисерот Александар Поповски, овој дел ми падна во очи и ме натажи со сиот цинизам, елитизам и надменост над малиот човек (а човеков е перјаница на Шарената револуција и отсекогаш близок до СДСМ, па оди после фати им го крајот). Ем го повикуваш малиот човек да протестира и да се бори за демократија, ем го навредуваш.“
Русјаков, исто така на Фејсбук, за Поповски напиша:
„Некои луѓе мислеа дека има возвишени и ништожни народи, па се случи Холокауст. Некои луѓе мислеа дека има големи држави кои можат да им виткаат раце на помалите, па се случија масакрите низ Авганистан, Ирак, Сирија и Либија.
Има и самобендисани арогантни кои мислат дека светот се дели на големи и мали луѓе. Да претпоставиме дека исто така има големи и мали уметници. Големи би биле оние што ги знае цел свет, а мали оние што виреат локални, па ги знае да речеме дел од Балканот и неколку стотина низ Европа. Еве да видиме што ни кажуваат, така да ги наречеме, големите и мали уметници. „Човек од високо се гледа само ако му се подаде рака да стане“ Габриел Гарсија Маркес (малку зборови, многу кажано)
Александар Поповски ваљда мисли на малиот и неписмен човек кој даде глас, а остана исфрлен на улица затоа што го исфрлија од фабриката, а тој за кого гласаше не можеше да постигне кај жена му, само што тогаш уметников немаше време да се буни пошо создаваше уметност.“
Поповски е само дел од „интелектуалното крило“ на т.н. шарена платеничка револуција кое изобилува со бројни интелектуалци кои се борат за правда и еднаквост преку демонизирање на неистомислениците и брутални навреди кон секој кој размислува различно од нив.