
Веднаш потоа, комбето било присилно стопирано и под придружба на царинските инспектори испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово.
При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација. Вкупната количина на пронајдениот режан тутун изнесува 243 килограми.
Избегнатите давачки по основ на неплатена акциза и други давачки изнесуваат 503.687 денари.За одземената стока лицето не приложи соодветен документ со што истата е пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки.
Согласно закон стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, а Царинската управа пртотив сторителот поднесе соодветна пријава.