За „Купи куќа за млади“ општина Кисела Вода ќе обезбеди 100 парцели, а општина Бутел 145

За владиниот проектот „Купи куќа за млади“ општина Кисела Вода планира да сеобезбеди  100 парцели.
Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец- Алексиќ истакна дека се прави ДУП во Кисела Вода кој ќе се усвои на почетокот на 2017 година. Од почетокот на наредната година ќе започне продажбата на 100-те парцели во населбата Драчево.
Во однос на парцели во индустриска зона таа посочи дека во округот кај Охис е планирана индустриска зона, веќе е направен ДУП,  инфраструктура има и сега само се чека на стечајната постапка  за Охис за  потоа да следи продажба на парцелите.
Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски истакна дека во општина Бутел е предвидено продажба на 145 парцели за проектот Купи куќа за млади.
Индустриска зона во Бутел ќе се формира во Расадник за каде се обезбедени 17 хектари и кај Љуботенски пат на простор од 74 хактари. Латиновски посочи дека се донесени дуповите и за двете зони.