
Инцидентите со снајперисти во Киев ќе бидат разгледувани од помошник раководителот на одделот за човекови права во Обединетите Нации, Иван Шимонович, јавува РИА Новости.
Истрагата е поврзана со појавата на аудио снимка од разговор меѓу министерот за надворешни работи на Естонија и високиот претставник на Европската Унија од 26-ти февруари во кој што беа изразени сомневања дека снајперистите на Мајдан биле платени од опозицијата.