
Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека напаѓачот кој уби 84 луѓе во Ница, најверојатно бил поврзан со радикални исламисти.
– Станува збор за терористички напад и ќе видиме какви врски постојат меѓу напаѓачот и терористичките организации, посочи Валс.
Тој додаде дека е „уверен“ оти Франција ќе ја добие војната против тероризмот и радикалниот ислам.
Според локалниот весник „Нис матен“ Мохамед Лауаи Булел, возач на камион, го изврши нападот при што загинаа најмалку 84 луѓе, а потоа настрада во судир со полиција.