Социјалдемократскиот сојуз повторно го достигна дното. Во очај, немајќи ја поддршката од граѓаните, повикуваат крвави пресметки во Македонија и слика иста како во Турција, која синоќа спречи обид за државен удар, пишува „Курир“.
Пратеничката на СДСМ Лидија Димова, која наместо да се залага за интерсите на граѓаните на Македонија и нивен подобар живот, таа преку социјалните мрежи посакува „и на наша глава“ да се случи Турција.
Курир ја контактирал Димова во обид да ја појасни нејзината објава и да одговори дали ја повикува македонската војска на насилство против својот народ и дали смета дека билансот на повредени и починати во Турција би соодветствувал во Македонија, но пратеничката на СДСМ, како што пишуваат, не сакала да одговори на нивните прашања и го прекина телефонскиот разговор.
„Сакам да ни се случи Турција“ е објава од полицаец кој беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски очигледно по партиска заслуга.
Поддршка него му дава и аналитичарот Суад Мисини кој коментира „Е**ти државата во која нема шанси да се случи државен удар“.
Аматерски изведениот обид за воен удар во Турција е на прагот на доживее тежок пораз. НАТО и САД повикаа на поддрша на демократски избраната Влада во Турција. Владата ја врати контролата врз државната телевизија и врз Анкара. Делот од армиските сили кој го направи обидот за воен удар е изедначен од страна на владата со терористичките сили на ИСИЛ и ги очекува одмаздата на демократот Ергодан, пишува Ѓорѓи Спасов од СДСМ.
Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил напиша:
Некогаш застанување пред тенк беше врвен гест на борба за слобода, денес се претвори во борба за слугување.
Нема ништо недемократско во воен удар, гледано од историскиот контекст на Турција, каде секогаш биле гаранти на секуларноста и политичка стабилност. Не е ова Латинска Америка и не се дигаат против демократски режим, туку против авторитарен режим.
Жанета Трајкоска пак изрази жал за пучистите:
За потсетување во медиумите одамна беше пренесен и ставот на Едмонд Адеми, член на највисоките органи во СДСМ и поставен на висока функција во МВР во времето на Спасовски, кој повикуваше на крв по улиците.
Инаку, бројот на убиени и уапсени од момент во момент се зголемуваат во Турција. Последните информации говорат дека загинати се 194 лица, а уапсени се 1.563 лица.