Откажани и вечерните летови Истанбул-Скопје и Скопје-Истанбул

1,5 милион патници годинава се превезени на македонските аеродроми

По откажувањето на утринските, откажани се и вечерните летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ на аеродромот ТАВ-„Александар Велики“: откажано е полетувањето на ТК 1006 во 22.55 минути од Скопје за Истанбул, како и слетувањето на авионот ТК 1005 од Истанбул во Скопје во 20 часот.

Според веб-страницата на  ТАВ – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на која се прикажани полетувања и слетувања на авионските летови, откажани се утринските и вечерните летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје и од Скопје за Истанбул.

Откажан беше летот од Скопје за Истанбул ТК 1004  утрово во 09.25 часот на „Туркиш ерлајнс“, како и слетувањето на авионот од Истанбул за Скопје ТК 1003 во 08.30.

Авиолиниите за Анталија за денеска и утре, како што стои на веб-страницата на ТАВ – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, ќе се одвиваат во најавениот авионски распоред.