Во инспиративниот спот за химната за Олимписките игри, Кети Пери им оддава почит на тркачите, гимнастичарите, пливачите, на фудбалските ѕвезди и на голем број други спортисти што ќе дадат се од себе на Олимписките игри во Рио.
Тригодишната пауза Кети Пери ја прекина со објавувањето на спотот за нумерата „Rise“.
Оваа песна ќе биде изведена и на 5-ти август на церемонијата за отварање на Олимписките игри 2016-тата година.