Поранешниот француски претседател Никола Саркози остро ја критикуваше Владата на Франција по последниот терористички напад во Ница, обвинувајќи ги властите дека „не прават доволно за да се обезбеди сигурност за луѓето“, пренесува МИА.
Саркози, кои најави дека одново ќе се кандидира за претседател на Франција, се залага за протерување на сите странци, за кои се знае дека се поврзани со радикалниот ислам.
Тој вели дека подржува поостри мерки во борбата против радикалните милитантни исламисти, како што е протерувањето од земјата, но и ставње електронски нараквици за оние кои се осомничени за радикализам.
Изјавата на Саркози со осуда за Владата и нејзниното „неснаоѓање во борбата со тероризмот“ не е осамена, затоа што најголемиот број од опозициските партии вината за инцидентите ја префрлаат на властите.
Трет терористички напад на Франција за 18 месеци
Нападот во Ница на 14 јули, во кој беа убиени повеќе од 80 лица, додека други 85 се повредени и се во болница, од кои 18 се уште се во критична состојба, е третиот терористички напад во Франција во изминатите 18 месеци.
Напаѓачот Мохамед Булел, Тунижанец, кој постојано живеел во Франција, е убиен, но полицијата тврди дека нема докази оти тој бил џихадист.
Неговите соседи го опишуваат како „осмаен насилник“, кој сака да крева тегови и ја обожава саласа музиката„ но милитантната група Исламска држава (ИД) тврди дека Булел бил еден од нивните „војници“.
Француската телевизија Франс 24 јави дека шест лица се уапсени во врска со терористичкиот напад во Ница. Последните двајца се една албанска брачна двојка, чиј идентитет не се открива, освен што се вели дека тие се обвинети затоа што обебедие оружје за нападот.
Француската влада ги отфрли обвинувањата на Саркози и на опозицијата, објаснувајќи ги како пример за „трампизација“ на фаанцуската политика.