Србија испраќа војници и полиција на границата со Македонија и Бугарија

Воени сили и засилувања за полициските сили ќе бидат испратени по границите на Србија со Македонија и Бугарија, одлучи владата во Белград доцна синоќа, јави Танјуг.

Целта на оваа мерка е да се пресече влезот на илегалните мигранти, а оние кои се фатени на територијата на нашиот северен сосед да бидат навремено предадени на миграциските власти.

Претходно министерот за труд и социјална политика, Александар Вулин упати тешки обвинувања кон Бугарија: „Имаме една земја-членка на ЕУ – Бугарија, која ги држи границите отворени и на никаков начин не го контролира движењето на мигранти“.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ прокоментира утринава пред телевизија РТС дека повеќето од оние кои влегуваат во Србија не се директно загрозени од војна – 80% од нив биле Авганистанци и Пакистанци. Од безбедносни причини, тој не наведе какви сили ќе бидат испратени на границата.

– Заштитата на границите од нелегално влегување влегува во рамките на европските обврски на Србија, истакна Стефановиќ. Според него слични активности гледаме и во земјите од ЕУ.

– Во последните две години над 1.500 лица уапсени за шверц, во обвинителството се формираа посебни тимови. Ќе уапсиме ако треба уште 5.000, но ќе им покажеме дека не вреди да се поминува низ Србија, категоричен беше министерот.