
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со преистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утринава спроведува голема оперативна акција под називот „Којот”.
Како што информираат од ОЈО, со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти, Криумчарење мигранти, Разбојништво, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во рамките на акцијата, а во насока на пронаоѓање на траги и предмети важни за кривичната постапка се вршат претреси на повеќе локации во Велес и други населени места.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена.