Партиите постигнаа договор

Амбасадорот Џес Бејли по завршувањето на средбата на претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА изјави дека е постигнат договор.

Партиите ги усогласија ставовите околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи да врши 15 смени на раководни функции и 10 %  хоризонтално ниво.

Постигнат е договор околу избалансирано известување, избирачкиот список, и составот на преодната влада 100 дена пред изборите.

-Имаме добри вести, постигнат е договор. Партиите се согласија една година по договорот од Пржино да продолжи неговата имплементација. Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица, иазјави американскиот амбасадор Џес Бејли.

-Задоволен сум затоа што се отвора можност да се организираат фер демократски избори  на кој ќе учествуваат сите и на кој народот ќе одлучи на кој ќе ја даде довербата. Народот ќе може да ги поддржи проектите и дела, градби реформи наместо деструкција уништување и криза. Задоволен сум затоа што со овој договорен се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да први масовни партиски чистки во МВР и дека со завршување на изборите завршува и оваа т.н. „пржинска“ влада, рече Тодоров.

Шеќеринка изјави дека ќе биде спроведена дебата во нив здруженија за формирање на ад хок тело.

Договорот е условен, доколку се исполни се она што денеска е договорено лидерите треба на 31 август да седнат и да го потврдат, доколку тоа е постигнато и во тој случај би имале избори  на 11 декември.