
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19:25 часот на крстосницата на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ и улицата „Видео Смилевски – Бато“ во Куманово.
Во сообраќајната несреќа учествувал автомобил „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 29-годишниот Г.М. и мопед „Априлија“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал М.Ј. (20).
По несреќата, возачот на моторот М.Ј. е хоспитализиран во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увидот што вчера го извршила екипа на СВР Куманово ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.