Пол Погба се враќа во Јунајтед

Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба повторно ќе игра за Манчестер Јунајтед, откако Јувентус ја прифатил понудата на англичаните „тешка“ 120 милиони евра.

Дел од англиските медиуми веќе пишуваат дека за петгодишниот договор со Погба, екипата од „Олд Трафорд“ ќе издвои рекордни 120 милиони евра и годишна плата за фудбалерот од 15 милиони евра.

Доколку се остварат овие тврдења, ќе биде срушен рекордниот износ од 101 милион евра, што пред три години Реал Мадрид го плати на Тотенхем за Герет Бејл.

Французинот беше дел од тимот на Манчестер Јунајтед од 2009 до 2012 година кога замина во Јувентус без никакво обештетување.

Погба со Јувентус освои четири шампионски титули во Италија, два Купа и два Суперкупа, а играше и финале во Лигата на шампионите во 2015 година.