
На социјалната мрежа Редит се објавени фотографии од една корисничка и она што и се случило кога кивнала додека ги виткала трепките.
Долгите, густи и нагласени трепки се вистински хит, а жените што сакаат да ги истакнат на старомоден начин користат алатка за виткање.
Дека и оваа алатка може да биде опасна, потврди една корисничка на социјалната мрежа Редит што се крие зад псевдонимот Aub3912.
Така додека ги виткала трепките кивнала и останала без трепките на целиот среден дел на окото.
Сега ќе поминат цели два месеци додека да и израснат нови трепки, а дотогаш и се заканува и бактериска инфекција на окото.