
За време на еден настан во Берлин што се одржа минатиот петок главниот кувар беше роботот.
Роботот наречен BratWurst Bot беше специјално подготвен за забавата Шталвахтер, а истиот успеа самостојн о да испече над 200 колбаси.
Гостите на овој настан можеа преку таблет да си нарачаат колбаси кои веднаш потоа се појавуваа на листата, а го содржела и името на нарачателот кој бил запознаен и со времето што е потребно за да се заврши нарачката.
Роботот е изработен од ФЗИ центарот за информатички технологии, а погледнете како работи во приложеното видео: