
Мртов маж бил најден до автомобил на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Како што информира МВР, вчера околу 20.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај местото викано „Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркиран автомобил „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. (63) од село Трапчин Дол, кичевско.
Мажот бил најден со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.