
Во липковскиот крај биле најдени 31 мигрант, од кои 22 се од Сирија, пет се од Пакистан, две од Авганистан и две од Мароко.
Како што информира МВР, утрово во 02.00 часот, била спореведна акција по претходно изготвен план за откривање и пронаоѓање на илегални мигранти кои престојуваат на отворен простор во Липковскиот крај.
Мигрантите се најдени во селата Ваксинце и Лојане, а за пронајдените лица постапката е во тек.