
Б.Н. (28) од село Форино, Гостиварско, вчера, на семејна веселба, е погоден од огнено оружје при што здобил прострелна рана во пределот на десното колено.
Како што соопшти МВР, по несреќата повредениот е пренесен во Клиничкиот центар – Скопје и е надвор од животна опасност.
Полицијата го лишила од слобода е лишен Н.М. (43), кај кого била веселбата. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.