
Десет илјади евра, 17.000 денари, седум златни петолирки и златен накит се украдени вчера од куќа во Демир Хисар, на улицата „Битолска“.
Како што соопшти полицијата, куќата е сопственост А.С. (84), а кражбата е извршена во периодот од 16:30 до 00:15 часот, додека не бил дома.
Разбојникот насилно ја отворил влезната врата, влегол и пребарувал.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.