Уапсен напаѓачот кој усмрти 19 лица во Јапонија

Маж вооружен со нож уби најмалку 19, а повреди 5 лица во јапонскиот град Сагамихара.

Според последните информации, напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор. Напаѓачот, како што се наведува, и’ се предал на полицијата и го признал нападот. Според извештаите, 20 од повредените се борат за живот и се наоѓаат во критична состојба.

Злочинот се случил во една зграда во Сагамихара, град западно од јапонската престолнина Токио.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterВработените повикале полиција известувајќи ја дека виделе маж со нож на возраст од околу 20 години.

Зградата во кој се случил нападот служи за згрижување на инвалиди и други немоќни лица.