ДОМ ја поддржува кандидатурата на Ѓорге Иванов

Демократската обнова на Македонија ја поддржува кандидатурата на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат, одлучи Централниот одбор на партијата на денешната седница.

„Во изминатиот петгодишен период тој покажа одговорен и посветен однос кон државните работи и нашата поддршка се базира на тоа“, изјави претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Партијата, додаде таа, дебатира и за настапот на предвремените парламентарните избори.

„Продолжуваат консултациите со општинските организации и во најкраток период ќе ги заокружиме, а на следен Централен одбор ќе ја донесеме конечната одлука за настап. Појдовна точка за нашата одлука е потребата за појак глас на зелените во македонскиот Парламент“, изјави Поповска.

Според Поповска, 25.000 гласови добиени на локалните избори се голема обврска за партијата да го засили зелениот глас во Собранието.