Обезглавувањето на свештеникот било снимано

Двајцата терористи, кои утринава нападнаа црква во Сант Етиен ди Рувре, во близина на Руан, го снимале грозоморното убиство на 86-годишниот свештеник, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според полициски извори, ова го пишува весникот Фигаро, наведувајќи дека терористите при убиството на свештеникот имале апарат за снимање. Во заложничката драма беа поврдени и три други лица, од кои едно е во животна опасност.

Католичката сестра, која успеала да побегне од црквата во текот ан заложничката драма, за телевизијата БФМ ТВ потврди дека терористите го снимале тоа што го правеле.

Калуѓерката ја опишала сцената на убиството, што ги има сите елементи на убиствата што на социјалните мрежи ги лиферува терористичката организација Исламска држава.

-Отецот Жак Хамел беше на колена и еден од џелатите рече нешто како проповед на арапски јазик, изјави таа.

Исламска држава веднаш ја презеде одговорноста за овој најнов напад во Европа.

Двајцата терористи беа убиени од полицијата.