
Првиот неделен дерби натпревар од 27. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу големите ривали, Јувентус и Фиорентина, заврши со минимлен триумф на “старата дама” од 1:0.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 42 минута беше дело на офанзивниот лев бек, Квадво Асамоа.
Идентична победа, но над гостинот од Торино, забележаа фудбалерите на Интер, а погодокот вреден три бод, постигнат во 30 минута беше дело на аргентинскиот интернационалец, Родриго Паласио.
Резултати: Јувентус – Фиорентина 1:0, Болоња – Сасуоло 0:0, Киево – Џенова 2:1, Интер – Торино 1:0, Лацио – Аталанта 0:1, Парма – Верона 2:0, Сампдорија – Ливорно 4:2.