Турски терорист уапсен во Хрватска

Меѓународниот терорист, 52-годипниот Мурат Катулај по кого Турција трага поради низа терористички акции на нејзина територија е уапсен во Хрватска.

Катулај, кој живее во Германија во Хрватска престојувал на одмор со семејството во саботата попладне, а хрватската полиција  го уапсила по неполни три дена одмор што ги поминал со сопругата и тројцата деца.

Дојде во теренско возило мерцедес, налик на погребалните  возила. Не се шетал многу низ местото освен што  купувал храна. Со него два пати беше и сопругата, раскажуваат мештаните.

Турција го бара Катулај за учество во терористички напади во повеќе делови на земјата во периодот од 1989 до 2001 година. Тој се товари дека бил активист на терористичката организација ТИККО која во своите напади убивала цивили, војници и полицајци. Интерпол за него имаше распишано потерница пред 5 години.

ТИККО е кратенка за военото крило на ултралевичарската Комун истичка партија на Труција/ Марксистичко ленинистичка (ТКП/МЛ), наречена Ослободителна војска на работниците и селаните во Турција.

Откако ќе му биде одреден екстрадициски притвор и откако најверојатно че биде испорачан во Турција, на Мурат ќе му се суди таму, а му се заканува казна доживотен затвор