
Земјоделци од регионот на Кукуш денеска од 12 до 14 часот ја блокираа царината на Евзони на грчко-македонсата граница, во знак на протест поради зголемувањето на нивниот придонес во фондовите за социјално осигурување и други прашања од нивниот сектор, пренесува МИА.
Грчката државна новинска агенција АНА-МПА јави дека земјоделците допрва ќе одлучат дали блокирањето ќе продолжи.