Умерен интензитет на сообраќајот на патиштата, нема задржување на граничните премини

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.