
Неколку илјади лица одржаа протест пред влезот на воената база „Инџирлик“. што се наоѓа во близна на јужниот турски град Адана, од кој е упатено барање до властите во Анкара за нејзино затворање.
Како што јавија турските медиуми, протестите беа организрани од Здружението на анадолиската младина, а подджано од неколку други невладини организации и од вонпарламентарната исламистичка Партија на среќата (Саадет).
Учесниците на протестот скандираа повеќе слогани, меќу кои и „Инџирлик – центар на пучот“, „Испраќаме порака до пучистичката Америка“, „По ѓаволите Америка“ и „По ѓаволите Израел“, пренесува МИА.
Медимите јавуваат дека за време на протестот биле изгорени и знамиња на „две странски држави“, без да посочат за кои земји станува збор.
Организаторите на протестот оценија дека базата „Инџирлик“ не служи за заштита на Турција, туку на Израел и дека Американците ја користат за да ги убиваат нивните муслимански браќа во Ирак. Тие тврдат и дека за време на обидот за воен удар во Туцрија на 15 јули, од „Инџилрик“ полетувале авиони-цистерни, кои ги снабдувале со гориво ловците на пучистите.
Базата „Инџилик“ ја користат силите на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, за извршување воздушни напади врз позициите на групата Исламска држава (ИД).