Грција до Европската комисија поднела жалба поради тоа што Чешка продава свој јогурт под името „грчко“, јави дописникот на МИА од Прага.
Според грчките власти, споменатиот јогурт е продукт типичен за Грција и сметаат дека означувањето на чешкиот производ со името „грчки“ ги доведува во заблуда поторшувачите.
Во писмото упатено до Еврокомисијата, грчкиот министер за рурален развој и прехранбени производи Евангелос Апостолу вели дека именувањето на чешки производ како грчки е во спротивност со Директивите на ЕУ за давање на целосни информации за производите.
– Терминот „грчки јогурт“ е погрешен и не ја одразува реалноста, бидејќи наведува на конкретна земја на потекло – Грција, на која производот и го должи својот углед, пишува Апостолу.
Чешка засега не ги коментира овие наводи иако потврдува дека е контактирана од страна на Европската комисија.