Белгија: Уапсени две лица осомничени дека подготвувале нови напади

Белгиското федерално обвинителство објави дека антитерористичката единица на полицијата уапси двајца мажи осомничени за планирање напади, пренесува „Танјуг“.

Ројтерс пренесува дека 33-годишниот Нуредин Х. И неговиот брат Хамза Х. Денес ќе бидат иззведени пред судија кој треба да одлучи дали ќе им го продолжи притворот по истекувањето на првичните 24 часља. Апсењето следеше по претресот на седум куќи во регионот Монса и уште една куќа во Лиеж. За време на претресот не е најдено оружје или експлозив.