Ова е омилениот куп од сладолед на кој подеднакво се радуваат и возрасните и децата, а ќе ви треба само половина час за да го подготвите.
Состојки:
- 170 грама темна чоколада
- 2 лажици несолен путер
- Половина филџанче кокосово млеко
- 2 лажиц и темен рум
- 2 лажици кари
- 1 мала лажица кора од лимета
- 200 грама миксирана слатка павлака (30% масленост)
- 1 лажица шеќер во прав
- 4 банани
- Сладолед од банана
- Мешани јаткасти плодови
- Сув кокос
Подготовка:
На тивок оган стопете ги чоколадата и путерот додека не добиете глатка смеса. Потоа вмешајте ги следните четири состојки и промешајте.
Направете шлаг од слатката павлака и шеќерот во прав и оставете ги во ладилник до употребата.
Во долгнавести садо ви ставете по две половини банана. Измеѓу додадете по 3 топчиња сладолед од ванила. Прелејте со топол чоколаден прелив. Додадете шлаг па наросете кокос и иситнети јаткасти плодови по ваш вкус.