Германската компанија „Марквардт Гмбх“ ќе инвестира во Македонија.
Владата денеска попладне ќе го потпише Договорот за инвестиција со претставници на компанијата. На потпишувањето во владината зграда, како што е најавено, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.
Детали за инвестицијата се очекуваат по потпишувањето на договорот.
„Марквардт“, како што се наведува на нејзината интернет страна, е водечки произведувач во областа на електромеханички и електронски прекинувачи и трансфер системи. Нивните производи ги користат добро познати автомобилски производители, но се користат и во домаќинствата.
Компанијата има 12 фабрики низ целиот свет во кои се вработени повеќе од 6.000 лица. Во 2012 година имале обрт од над 650 милиони евра.