Нов напад во Турција

Неколку полицајци се ранети кога возило натоварено со експлозив удрило во полициско возило во покраината Бингол на југоистокот на Турција, рекоа денеска безбедносни извори.
Безбедносните извори тврдат дека припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) извеле напад во 17:45 часот.

ПКК која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, воду вооружена кампања против силите на безбедноста на претежно курдскиот југоисток од 1984 година и се залага за курдска автономија