Во истражувањето спроведено на Универзитетот Индијана, откриено е дека некои жени може да доживеат оргазам и додека вежбаат. Иако не постои некоја магична техника, многумина истакнуваат дека јогата е најдобра за нешто такво.
За некои од овие чудни начини за постигнување оргазам можеби нема да верувате ниту дека постојат.
-
За време на вежбање
Иако се смета дека не постои некоја магична техника, многумина истакнуваат дека јогата е најдобра за такво нешто, а дека повторувањето е клучно. Воман Хелт ја истакнува вежбата во која легнувате на стомак, а сланките ги поставувате на земја до градите. Рацете се свиткани во лактите. Потоа полека го кревате горниот дел од телото, додека долниот останува на подот. Нозете треба да бидат цврсти и собрани и во вежбата да се вклучат и мускулите на задникот. Задржете ја таа поза 7 до 10 вдишувања.
-
За време на спиење
Тоа може да се случи за време на РЕМ фазата од сонот, кога се јавуваат и поголем дел од соништата и тоа благодарение на зголемениот проток на крв во вагината.
-
Преку брадавиците
Еве како функционира тоа: со стимулација на брадавиците се испушта окситоцин, кој може да предизвика контракции во матката и во родницата што се поврзани си оргазмот. Тоа носи зголемен проток на крв во гениталиите, а за некои среќнички и оргазам.
-
За време на породувањето
Ако не сте знаеле за време на породувањето може да се стимулираат истите подрачја, како кога правите бебе.
-
Ментален оргазам
Лејди Гага еднаш изјави дека може сама себе си да си даде психички оргазам. „Се работи за комбинација од дишење, фантазии и давање дозвола да се фокусирате сами на себе си“, открива секс терпаветот Џина Огден.