
Брачен пар од Скопје почина во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Удово – Демир Капија.
Во несреќата починале возачот Н. П. на патничкиот автомобил „фиат сеиченто“ и сопатничката, неговата сопруга Б.П.. Од МВР за Нетпрес потврдија дека заедно со нив во автомобилот имало и седумгодишно дете кое, за среќа, не е повредено, но превентивно е пренесено на скопските клиники.
Во сообраќајката што се случила кај месноста викана „Света Петка“, автомобил „Фиат“се забил во автобус на Струмица експрес.
Поради несреќата сообраќајот е во прекин во двата правци.